More

    Цела зграда се евакуира поради пукање, бројот на жртви непознат, десетици се повредени

    spot_img

    Напаѓачот на плоштадот Јан Палах во Прага е елиминиран, а има десетици повредени и засега непознат број загинати, соопшти чешката полиција нешто пред 16 часот. Чешките медиуми јавуваат дека нападот се случил на Факултетот за ликовни уметности кој се наоѓа во строгиот центар на градот. Полицијата соопштила дека можно е да има многу жртви, пишува чешки Блеск.

    Министерот за внатрешни работи на Чешка, Вит Ракушан потврди дека напаѓачот е мртов и ги повика граѓаните да не излегуваат од дома и да ги следат упатствата на полицијата.

    Зградата на факултетот се евакуира, а еден професор за чешкиот портал Блеск потврдил дека вработените добиле мејл да се забарикадираат.

    – Така и направивме, се забарикадиравме на вториот кат. Мислам дека пукањето беше на четврти кат.

    Во меѓувреме видео од граѓани како исплашено бегаат по еден од мостовите на Прага се рашири на Икс.

     

     

    Во други објави се споделуваат наводни слики од студентите на факултетот кои се криеле од напаѓачот. Сликите не се официјално потврдени.

     

    Нападот на плоштадот Јан Палах сè уште трае и ситуацијата е нејасна, јавува порталот Blesk.cz. Засега не се знае колку загинати и повредени, а сите служби се на нозе.

    Портпаролката на полицијата Јана Поштова изјави дека не сака да шпекулира со бројот на жртвите.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img