More

    Сирените за тревога денеска се огласија во Тел Авив, а камерата на Ројтерс беше сведок на пресретнување на ракети над израелската комерцијална престолнина

    spot_img

    Сирените за тревога денеска се огласија во Тел Авив, а камерата на Ројтерс беше сведок на пресретнување на ракети над израелската комерцијална престолнина, откако телевизијата покажа дека ракетите се лансирани од Појасот Газа.

    Во моментов нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета, пренесе Ројтерс.

    Конфликтот меѓу Израел и Хамас започна на 7 октомври кога членовите на милитантната организација Хамас го нападнаа јужниот дел на Израел, убивајќи 1.200 луѓе, главно цивили и киднапирајќи околу 240 луѓе.
    Израел потоа започна моќна воена кампања за уништување на милитантното движење Хамас во Појасот Газа.

    Чахи Ханегби, советник за национална безбедност во владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, напиша во колумна на арапски јазик дека Израел не ја исклучува можноста Палестинските управа да раководи со Газа по војната.

    Ханегби нагласи дека реконструкцијата на Појасот Газа ќе вклучи комбинација на регионални и меѓународни сили и дека Израел нема намера да ги контролира цивилните работи на енклавата, пренесува Ал Џезира.

    Советникот за национална безбедност на Израел нагласи дека обновата на уништениот Појас Газа и потенцијалното раководство на Палестинската управа ќе биде можна само после поразот на Хамас.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img