Две лица го загубија животот кога хеликоптер на ТВ станицата ВПВИ-ТВ 6 од Филаделфија се урна недалеку од Вашингтон додека екипата се враќала од новинарска задача во Њу Џерси. Во несреќата загинаа пилотот и снимателот, соопштија денеска локалните власти.
Истражителите денеска трагаат по докази за причината за урнувањето на хеликоптерот.
Телевизиската станица од Филаделфија го идентификуваше пилотот како 67-годишната Монро Смит од Гленсајд, Пенсилванија, а снимателот како 45-годишниот Кристофер Доерти од Орландо, Пенсилванија.