More

    Неочекуван потег: Јокиќ се раздели со моќните Американци и потпиша договор од соништата што ќе му донесе богатство

    spot_img

    Од 2008 година, само еден МВП на лигата нема своја линија на патики – Никола Јокиќ.

    И тоа е се што треба да знаете за односот кој „Најк“ го имаше со Никола Јокиќ и што предизвика прекин на соработката.

    Она што изненадува е што овој производител на спортска опрема реши да не го продолжи договорот со Јокиќ, поради што одличниот кошаркар од Србија реши да тргне по другата страна и да потпише договор со кинеската компанија „361 Степени“, чиј промотор е исто така и неговиот соиграч Арон Гродон .

    Во соработката со Американците, Јокиќ доби специјална серија патики на негов начин, но не е направена целата патика за него, тоа го издвојуваше од сите други играчи кои се големи ѕвезди на лигата. Затоа, како што би рекол Леброн Џејмс, решил своите таленти да ги однесе на друго место.

    Интересно, американскиот бренд почна да прави низа грешки во проценката, па компанијата на Фил Најт остана без Стеф Кари, човек кој е едно од заштитните лица на лигата.

    Јокиќ веќе го носеше овој бренд на тренинзите, а има уште 53 натпревари во лигашкиот дел од сезоната за добро да плати за секој настап.

    Овој кинески бренд има 7.950 продавници ширум светот (најмногу 6.000 во Кина), има 20 години и првпат ја покажа својата патика на нозете на Јокиќ против Рапторс.

    Сумата што ќе ја заработи Јокиќ се уште не е позната, но се верува дека е една од најголемите пари во лигата од спонзорите во моментов.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img