Српската фолк пејачка Александра Пријовиќ ќе пее во Белград за дочекот во 2024 година и за репризата на дочекот, за што 2.400 луѓе колку што просторот може да собере за две ноќи ќе дадат нешто повеќе од 450.000 евра.
Првите 1.200 кои ќе ја дочекаат Новата година со Александра платиле од 210 до 270 евра.
Во таа прилика се огласи мајката на Прија, Борка, која рече дека ќе биде со својата ќерка.
– Требаше да работам, но мислам дека тогаш ќе бидам со неа. Ако можам, можеби ќе запееме заедно – изјавила Борка за „24сата.хр“.
Таа вели дека е горда на својата ќерка по пет концерти во Загреб.
– Што да кажам? Се чувствувам навистина гордо. Задоволно и среќно. Одиме кон нови победи – истакнала таа, а потоа ги навестила новитетите.
– Подготвуваме уште некои изненадувања, но не смеам ништо да откријам – додала Борка.
Според мапата на салата достапна на веб-страницата на организаторот, ќе бидат поставени вкупно 101 маса и секоја ќе има по 12 седишта.
Просторот е поделен во пет ценовни категории со оглед на растојанието и погледот кон сцената.
Најевтини се масите во црвената зона, ги има 20, а местата на нив чинат 170 евра по лице.
Бронзените места чинат 190 евра, сребрените 210, златните 240 евра, а најскапите – платина, каде има само 10 маси, 270 евра по човек.
Според картата, на 101 маса ќе седнат вкупно 1.212 луѓе и ќе дадат вкупно 257.880 евра.
Истата програма ја очекува и публиката која ќе дојде следниот ден, но репризата на дочекот ќе биде поевтина. Цената на седиштата во сите категории ќе биде пониска за 50 евра по лице, освен во златната зона, која е поевтина за 60 евра.
Гостите на репризата ќе дадат помалку пари од оние на дочекот, што е вкупно 193.920 евра.
Вкупно за дочекот и репризата луѓето ќе искешираат 451.800 евра, според најавениот број на места.
Цената на билетот нема да им биде единствен трошок, бидејќи пијалакот не е вклучен во цената, туку ќе го платат посебно.