More

    Ирската инфлуенсерка Тенис Елизабет Семјуелс, починала во сон во понеделникот, оставајќи го зад себе семејството, две деца и бројни обожаватели ширум светот

    spot_img

    Ирската инфлуенсерка Тенис Елизабет Семјуелс, починала во сон во понеделникот, оставајќи го зад себе семејството, две деца и бројни обожаватели ширум светот. Ирската манекенка со корени од Јамајка, ќе остане запаметена како „ангел кој одеше по земјата“.

    Семејството на починатата инфлуенсерка ја потврди оваа тажна вест и воедно им се заблагодари на сите што дадоа поддршка, и тоа со чиста бела фотографија, која во најмала рака ја вознемири јавноста.

    – Нашата прекрасна, паметна и дарежлива Тенис Елизабет Семјуелс почина во сон во понеделникот на 18 декември. Им благодарам на сите што ја поддржавте – се вели во објавата која ги потресе сите следбеници на познатата инфлуенсерка.

    Инаку, Тенис Елизабет Семјуелс беше позната по својата голема и разновидна активност на социјалната мрежа Инстаграм каде имаше голем број верни фанови кои редовно ја следеа и ја обожаваа. Нејзиното влијание на различни социјални платформи беше значајно, а нејзините чести објави инспирираа многумина ширум светот, особено девојките со „обоена кожа“.

    Нејзиното заминување остава празнина меѓу оние кои ја познаваа и ја следеа, но Тенис Елизабет Семјуелс засекогаш ќе остане запаметена по нејзината убавина, интелигенција и дарежливост. Нејзиното семејство, пријателите и обожавателите ќе продолжат да ја паметат и почитуваат преку спомените и делата што ги остави зад себе.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img