More

    Уставниот суд донесе времена мерка

    spot_img

    Уставниот суд денеска на седница одлучи да поведе постапка за делови од три члена од Законот за матична евиденција во кои е содржан зборот „националност“ во изводите за родени, венчани и умрени.

    Имено, Судот изрази сомнеж во уставноста на членот 4 став 1 точка 2 во делот националност, членот 11 став 1 точка 1 во делот националност и членот 13 став 1 точка еден во делот националност.

    Во следниот период Уставниот суд ќе оценува дали е уставно покрај наведените лични податоци како што се име, презиме, податоци за раѓање и живеалиште, граѓаните да ја наведуваат и својата националност во матичните книги на родените, на венчаните и умрените.

    Според Судот припадноста кон одредена нација е приватно и внатрешно чувство на секој поединец и е негово право да одлучи дали ќе биде припадник на одредена нација, дали ќе се изјасни за сопствената националност, но и да се повика на правото да не се изјаснува по ова.
    Уставниот суд смета дека овие одредби се во спротивност со неколку членови од Уставот, како што е владеењето на правото, членот 18 кој ја гарантира тајноста на личните податоци.

    Од денеска, се додека Судот конечно не се изјасни конечно, не смее од граѓаните да се бараат податоци за националност при впишување во матичните книги на родени, венчани и умрени.

    Иницијативата е поденсена на 3 јули 2023 година од страна на политичка партија „Левица”.

    Уставниот суд донесе уште две одлуки за укинување на Правилник и Решение за кои од страна на судот беше оценето дека е пречекорен уставниот рок за објавување во Службен весник, а кои беа оспорени со иницијативи поднесени од страна на министерот за правда Кренар Лога.

    Со овие одлуки на Уставниот суд, бројот на укинати Правилници за кои беа поднесени 20 иницијативи се зголеми на вкупно 5 Правилници и 1 Решение, односно вкупно 6 прописи кои беа оспорени и за кои од страна на судот е “оценето дека е пречекорен уставниот рок за објавување предвиден во член 52 од Уставот”.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img