Умерено до значително облачно време ќе преовладува денеска во земјава, а кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од дожд претежно во посеверните делови. Врнежите ќе продолжат и во текот на ноќта. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер, а кон крајот на денот од северните делови ќе сува засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната од 18 до 23 степени.
Во Скопје, променливо облачно време со слаб до умерен северен ветер кој пладне ќе засилува.
Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 23 степени.