More

    Ослободени уште 16 навивачи на Динамо од грчките затвори

    spot_img

    Уште 16 навивачи на Динамо се ослободени од грчките затвори, досега вкупно 91, соопшти денеска хрватското Министерство за надворешни и европски работи (МВЕП) врз основа на информации од хрватската амбасада во Атина, пренесува Хина.

    Членовите на навивачката група „Бед Блу Бојс“ се сместени во 14 затвори низ Грција, откако учествувале во конфликт со навивачи на грчкиот клуб АЕК во кој загина еден навивач на атинскиот клуб.

    Во соопштението Министерството наведува дека, како и другите претходно ослободени навивачи, на оваа група ослободени хрватски државјани им била понудена и користена финансиска помош при враќањето во Хрватска.

    Се нудеше и можност за плаќање кауција за да се забрзаат постапките, но таа понуда не беше искористена со оглед на тоа што кауцијата ја платија адвокатите на приврзаниците.

    Сите затворени навивачи на Динамо на почетокот на декември биле сослушани на суд, а според грчките медиуми поднесени се вкупно 95 барања за ослободување.

    Владата на Хрватска преку Амбасадата во Атина ќе продолжи да им помага на хрватските граѓани и да одржува комуникација со грчките институции на сите нивоа, се наведува во соопштението на МВЕП.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img