More

    Спасен е човекот кој беше завеан во кавадаречкото село Радња на Кожуф планина и евакуиран до својот дом во текот на вчерашниот ден

    spot_img

    Спасен е човекот кој беше завеан во кавадаречкото село Радња на Кожуф планина и евакуиран до својот дом во текот на вчерашниот ден, информираа денеска од Центар за управување со кризи.

    Оттаму потсетија дека тој прво одбил помош во понуден општински „оффроуд“ можен превоз со теренски четирицикл (4×4), загрижен што ќе се случи со неговите две кучиња. Бил „отсечен“ од снегот, во викендичка над селото Радња, во месноста „Гатеново“ на планината Кожуф.

    – Регионалниот ЦУК Кавадарци известува дека екипа од Зимската служба за одржување на улици и патишта на Општина Кавадарци вчера со трактор со специјализирана опрема – нож за сечење дрвја, и едно теренско 4×4 возило организирале и извршиле акција за да го извлечат лицето. Со себе имале и човек кој добро го познава теренот, бидејќи се работи за планински терен надвор од селото, каде што има само викендички со голема оддалеченост една од друга. Патот до таму е земјен, а висината на снежната покривка е околу половина метар и имало многу искршени гранки и дрвја од тежината на снегот што го попречувале планинскиот земјен пат – појаснуваат од ЦУК.

    Оттаму додаваат дека доцна вечерта, Регионалниот ЦУК Кавадарци се јавил и известил дека се слушнале со човекот и дека е дома и во добра состојба. Тој изразил голема благодарност до Општина Кавадарци и на сите инволвирани во неговата безбедносна евакуација.

    – Имаше и хумана реакција во општеството и други поединци и здруженија да се јават за да помогнат. Но, беше оценето дека Зимската служба за одржување на улици и патишта на Општина Кавадарци е доволна за спасувачката евакуација – нагласија од ЦУК.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img