More

    Русковска се надева дека ќе се врати вербата во Јавното обвинителство

    spot_img

    Предметот „Рекет“ фрлил голема сенка врз судството и ја разнишал довербата на јавноста во Јавното обвинителство и во СЈО, изјави обвинителката за организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска, во вечерашното гостување во емисијата 10 минути, јавува ТВ21.

    – Фрли голема сенка и врз судството особено врз обвинителството. Без разлика што поранешното СЈО беше издвоено од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија како посебен субјект а особено негативно се одрази врз сите обвинители и обвинителства воопшто. Се надевам дека полека ја враќаме довербата на јавноста во Јавното обвинителство генерално – вели Рускоска.

    Во однос на последниот случај со екс генералниот секретар на Владата, Мухамед Зекири, Рускоска не открива дали овој случај ќе се проширува.

    – Не можам да знам дали ќе се проширува. Во рана фаза е истрагата, значи сѐ уште се собира документација. Јас не го водам предметот, но по она што ме брифира колешката уште се собира документација.

    Рускоска, чиј мандат ќе истече во ноември исто така откри дека нема да се кандидира за втор мандат и  „ниту за судија во Уставниот суд“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img