Откако минатата недела ги изненади своите обожаватели со веста дека станала мајка на момчето Марио, пејачката Марија Шерифовиќ се огласи со видео од Лос Анџелес. Таа им се заблагодари на сите за пораките и поддршката.
„Бидејќи ова е моето прво обраќање со приказна на Инстаграм, би сакал да ви се заблагодарам на сите за убавите пораки. Сè е покриено, полно со љубов… Верувајте ми, можеме да го почувствуваме тоа. Моето срце на скорпија деновиве добива премногу љубов па ми треба сето тоа што го обработувам. Тогаш секако ќе се укаже прилика кога ќе можам за сето ова да зборувам повеќе и посериозно“, раскажала Марија.
Таа признала дека во еден момент поради доаѓањето на нејзиниот син сакала да ја откаже турнејата „Доаѓа љубовта“ која започнува во Загреб на Денот на жената.
„Сакав сето тоа да го откажам и да го преместам во 2025 година, но со колегите, пријателите и семејството одлучив да се одржи турнејата. Сакам да ја споделам оваа љубов што ја чувствувам во моментов со вас и на тој начин да ви се заблагодарам. Ова ми е најважната година, најубавата и најголемата година во целиот мој живот“, објаснила пејачката.
„Јас едвај те чекам, а вие само молете се за моето здравје, трпение, мудрост и мојата душа да го издржат сето ова. Кога сето ова ќе заврши, ќе направам заслужена пауза од пеењето“, заклучила таа. Потоа објавила видео во кое го држи својот син во раце додека ја пее песната „(I’ve Had) The Time of My Life“.
Потсетуваме, пејачката во неколку наврати објасни дека се обидувала да стане мајка, но не можела да ја изнесе бременоста, поради што на крајот се одлучила за сурогат-мајка. Шерифовиќ поради договорот за приватност не сака да открие кој е таткото, но рече дека нејзиниот син ќе дознае се за тоа кога ќе дојде време.
ФОТО: Инстаграм/Икс