More

    Бислимоски: За електричната енергија, нема да има и нема да дозволиме никаков ценовен шок

    spot_img

    За електричната енергија, нема да има и нема да дозволиме никаков ценовен шок, потенцира во разговор со дописничката на МИА од Атина, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги Марко Бислимоски и посочува дека следната седмица се очекува да ја информираат јавноста околу цената на струјата од 1 јануари 2024 година.

    -Цените на струјата секогаш сe актуелни, во изминатиот период повторно бевме соочени со разноразни црни сценарија, колку ќе значи поскапувањето, што ќе значи. Ние ги привршуваме цените во однос на делот за мрежарините, за пренос и за дистрибуција на електрична енергија. Понатака откако ќе ги усвоиме, универзалниот снабдувач треба да ги достави. Очекуваме во текот на следната недела да ја информираме јавноста. Секогаш имаме креативни решенија, нема да има никаков ценовен шок, сè ќе биде во рамките на тоа што може да се очекува – вели Бислимоски.

    Тој објаснува дека треба да се земат предвид зголемувањето на набавната цена на ЕВН хоум, трошоците за загуби на електрична енергија кои се зголемија кај електродистрибуција, зголемените трошоци за материјали, зголемените плати во компаниите итн.

    Бислимовски објаснува дека компаниите побарале 27 отсто зголемување на цената, но тој истакнува дека „апсолутно нема да го добијат тоа“.

    -Ги привршуваме анализите, имаме начин како да го спречиме тоа, ќе воведуваме и надоместок за пристап кон мрежа, којшто најодговорно тврдам дека ќе им помогне на сите потрошувачи во државата, имајќи предвид дека поради поставување на фотоволтаици на кровови и на индустриски капацитети и на домаќинства, потрошувачката ни падна за десетина проценти што прави дополнителен притисок врз цената. Значи, тоа има влијание и не може тие што не поставиле фотоволтаици да плаќаат за тие што поставиле фотоволтаици – вели Бислимоски.

    Бислимоски како претседател на Бордот на регулатори на Енергетска заедница присуствуваше на редовниот состанок во Атина на кој меѓу другото, требаше да се избере и нов претседател, но ниту еден од кандидатите не го доби потребното мнозинство, со што мандатот му се продолжи за уште шест месеци.

    Состаноците на енергетската заедница традиционално се одржуваат во Атина, освен Северна Македонија, земји-членки се и Србија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Молдавија, Грузија, Украина и Албанија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img