More

    Германија го потпиша проектот „Лајтхаус“, ќе го распореди ли панцирбаталјонот во Литванија?

    spot_img

    Нејасно е дали Германија ќе испрати цел тенковски „панцирбатајлон“ со познатите тенкови „Леопард“ во Литванија како дел од проектот Лајтхаус(Светилник), пишуваат аналитичарите. Она што е познато, според бриселскиот медиум Политико, е дека Германија одлучила до 2027 година да стационира 4.800 војници и 200 лица од цивилен персонал во Литванија.

    Германскиот министер за одбрана Борис Писториус потпишал договор со својот литвански колега Арвидас Анушаускас за ова распоредување. Со други зборови, НАТО го турка своето источно крило кон границите со Русија. Истовремено, големиот контингент би бил распореден на две локации на познатиот коридор Сувалки, четиримеѓе меѓу Литванија, Белорусија, Полска и руската енклава Калининград. Коридорот се смета за географски кревка точка за безбедноста на Европа.

    Берлин се одлучи на овој потег поради руската агресија врз Украина и потенцијалните закани на Кремљ за источното крило на НАТО во Европа. Самиот германски министер за одбрана изјави дека ова крило „се преселило на исток“ и дека „должност на Германија е да го заштити“.

    Но, дали притоа Германија ќе испрати и тенкови?

    – Имаме цела низа малку чудни ситуации. Германскиот тенковски баталјон треба да оди во Литванија без тенкови. Тоа е како да испраќате војници без пушки. Таа опција ми е чудна затоа што тој баталјон ги испрати своите тенкови во Украина, не доби нови и треба да оди во пограничната област со Русија. Тоа е чудно. Баталјонот нормално треба да има од 60 до 90 тенкови, што не е мала бројка. Не е јасно во која временска рамка Германија би можела да направи толку многу тенкови со својот производствен капацитет – коментира за хрватскиот Н1 воениот аналитичар Маринко Огорец.

    Тој вели дека ќе мора да се почека за да се види што точно ќе предвидува проектот па да се анализира дали се работи за добра координација на Германија со НАТО или на избрзана одлука на германскиот министер за одбрана Писториус.

    Огорец предупредува и дека фактот што Германија нагло сака да го зголеми воениот буџет од 1,2 на 2 отсто од својот БДП нема да помине без тензии во германското општество.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img