Дневните весници што се дистрибуираат на национално ниво годинава нема да добијат субвенции, извести порталот Призма.
Владата ќе одвои 10 милиони денари или околу 160.000 евра за поддршка на печатените медиуми, но парите се наменети само за локалните весници (до 2 милиони денари) и за неделници.Овие субвенции редовно се доделуваат пред крајот на годината за трошоците за хартија, печатење и за дистрибуција што весниците ги направиле претходната календарска година. Така, годинава ќе се покријат расходите на печатените медиуми за 2022 година.
За изоставувањето на националните весници, кои во изминативе години беа најголеми корисници на оваа помош и ги добиваа најголемите суми, од владата објаснуваат дека таа одлука ја донеле бидејќи за годинава буџетот е намален, како и поради тоа што овие медиуми добиваат државни пари преку обезбедување комерцијални услуги за институциите, односно преку објавување огласи за набавки, вработувања и друго, пишува порталот Призма.
Фото: БИРН