Српската пејачка Марија Шерифовиќ во петокот ги изненади своите обожаватели со веста дека стана мајка на момчето Марио кое го роди сурогат-мајка во болница во Лос Анџелес.
Српската пејачка сега во својата инстаграм-приказна се пофали дека го искористила сончевиот ден и го прошетала синот низ улиците на Лос Анџелес. На видеото се гледа како таа турка количка по улица, а додаде и емотикон со сино срце.
Да потсетиме, пејачката објасни дека во неколку наврати се обидела да стане мајка, но не можела да ја изнесе бременоста, поради што на крајот се одлучила за сурогат-мајка со која ги поминала сите предизвици на бременоста.
Инаку, Шерифовиќ не сака да открие кој е таткото поради договорот за приватност, но рече дека нејзиниот син ќе знае сè за тоа кога ќе дојде време.
ФОТО: Инстаграм