Во понеделникот, Европската комисија започна формална постапка против социјалната мрежа X, порано Твитер, поради сомневање дека не ги исполнила своите обврски од Законот за дигитални услуги (DSA), со што ги прекршила правата на Европската унија.
Новата регулатива, која стапи на сила минатиот ноември, наложува многу големите интернет платформи и пребарувачи да ја засилат својата борба против нелегалната содржина и ризиците за јавната безбедност и да ги заштитат своите услуги од манипулативни техники.
Постапката ќе се фокусира на спречување на ширењето на незаконски содржини во ЕУ, на ефективноста на мерките преземени за борба против манипулацијата со информациите, особено на системот „известувања во заедницата“, како и мерките што X ги презема за зголемување на транспарентноста на својата платформа, Констатира Комисијата, нагласувајќи дека приоритет е да се спроведе темелна истрага.
X, во сопственост на Илон Маск, е дел од групата големи технолошки компании под лупата на ЕУ поради новите правила воведени со Законот за дигитални услуги.
Во октомври, европскиот комесар Тиери Бретон ги прекори X, TikTok и Meta дека не направиле доволно за да се спротивстават на дезинформациите по нападот на Хамас врз Израел.
Законот за дигитални услуги, усвоен од Европскиот совет во есента 2002 година, е првата дигитална регулатива во светот која ги смета дигиталните бизниси низ ЕУ одговорни за содржината објавена на нивните платформи.