Во северниот дел на австралиската сојузна држава Квинсленд, рекордните врнежи донесоа поплави за кои властите стравуваат дека ќе бидат најлошите во историјата на регионот, а на поплавените улици дури се забележани и крокодили.
Би-би-си јавува дека илјадници луѓе се евакуирани, додека голем број луѓе сѐ уште се заробени во областа.
Во некои области, тропскиот циклон донесе дожд колку што врне цела година.
На аеродромот Кернс поплавени се авиони на пистата, снимен е крокодил среде градот Ингам, додека луѓето бегаат од областа со чамци.
Се наведува дека засега нема информации за загинати или повредени лица во големите поплави. Обилните врнежи се очекува да продолжат во тој дел на Австралија и во наредните денови.