Ел Салвадор ќе издаде обврзници во криптовалутата биткоин во првиот квартал од следната година, откако во 2021 година стана и прва земја во која Биткоинот е законско средство за плаќање.
„Обврзницата Vulcan штотуку доби регулаторно одобрение од Комисијата за дигитални средства (CNAD). Очекуваме дека обврзницата ќе биде издадена во првиот квартал од следната година“, соопшти Националната канцеларија за биткоин во Ел Салвадор на социјалната мрежа Х.
Властите на Ел Салвадор планираат да финансираат изградба на биткоин град со вулкански обврзници. Тој би се наоѓал на истокот од земјата, а би се напојувал со геотермална енергија од блискиот вулкан.
-Градот ќе биде делумно изграден со најмалку 1 милијарда долари вулкански обврзници – рече салвадорскиот претседател Наџиб Букеле пред две години кога го воведе биткоинот како национална валута.
Според предвидувањата на Букеле, Ел Салвадор требаше да купува по еден биткоин дневно почнувајќи од 17 ноември минатата година, но владата не откри дали навистина се држи до планот.
Последната објава беше дека владата купила 2.381 биткоини. Последното купување е направено во јули