More

    Во Црна Гора се регистрирани повеќе од половина милион луѓе

    spot_img

    Заклучно со неделата, 17 декември, во Црна Гора се регистрирани повеќе од 564.000 граѓани, 308.000 станови и 181.000 домаќинства, изјави заменик директорот на Заводот за статистика (Монстат), Снежана Ремиковиќ.

    Пописот на населението во Црна Гора по две години одложување и две одложувања годинава почна на 3 декември и требаше да трае до 19 декември, но поради временските услови и немањето попишувачи беше продолжен за уште 10 дена.

    Ремиковиќ за ТВ Вијести изјави дека има доволно време пописот, кој е продолжен до 28 декември, да биде завршен до крајниот рок, дури и во општините каде што недостигале попишувачи.

    Таа нагласи дека со контролите било утврдено дека и покрај тоа што некои попишувачи биле исклучени поради неправилности, не е сменет ниту еден податок од „чувствителната категорија“.

    „Досега контролите што беа извршени го утврдија нивниот 100% кредибилитет во однос на копијата“, рече Ремиковиќ.

    Прелиминарните резултати за бројот на жители, домаќинства и станови ќе бидат достапни најдоцна 30 дена по завршувањето на пописот. Финалните, додаде Ремиковиќ, се очекуваат „некаде шест месеци потоа“.

    „Проверката ќе трае околу еден месец, со што ќе се продолжи тој рок за објавување“, изјави заменик директорот на Монстат.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img