More

    Том Круз закупи цел кат од рестoран за романтична вечера со 25 години помладата Русинка

    spot_img

    Холивудската ѕвезда Том Круз (61), наводно, се вљубил во 25 години помладата Елсина Хајрова, ќерка на богат руски трговец со дијаманти, а за романтична вечера со убава Русинка решил да изнајми цел кат од луксузниот лондонски ресторан „Новиков“ за една вечер, пишува британски „Сан“.

    Круз се одлучил на овој потег за да може без љубопитни очи да ужива во вечерта со неа. За вечера потрошил околу 500 фунти, а уживале во јастог и суши.

    Според изворот, Том и Елсина поминале романтична вечер разговарајќи, а актерот внимателно го слушал секој збор што Русинката го изговорила. Еден член на персоналот го замолил актерот да се фотографираат заедно, а потоа влегол телохранителот на Том.

    По романтичната вечера, актерот на вработените во ресторанот им подели бакшиш од 100 фунти, а Русинката излегла од задната врата за незабележана да го напушти ресторанот.

    Да потсетиме, ќерката на пратеникот во Државната дума Ринат Хајров, Елсина Хајрова, e поранешна сопруга на рускиот бизнисмен Дмитриј Цветков, со кого живееле во вила вредна 22 милиони фунти. По гласините за нејзината врска со холивудскиот актер, нејзиниот поранешен сопруг изјави дека таа сака скапи работи и дека Том „треба да ги држи широко отворени очите и да го чува паричникот“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img