More

    Отворен граничен премин меѓу Израел и Газа

    spot_img

    Граничниот премин Керем Шалом меѓу Израел и Газа денеска беше отворен за прв пат од почетокот на војната и овозможен е премин на камиони со хуманитарна помош, изјави портпаролот на кабинетот на израелскиот премиер.

    Тој граничен премин е затворен за камиони од 7 октомври, кога Хамас изврши напади врз јужните израелски населби, по што израелската армија започна офанзива во Газа. До почетокот на декември, Израел ги отфрлаше повиците на ОН да го отвори преминот, но се согласи да го отвори минатата недела.
    „Од денеска, камионите на ОН со хуманитарна помош ќе бидат подложени на безбедносни проверки и ќе бидат испратени директно во Газа преку Керем Шалом“ – објави Израелската управа одговорна за координација на активностите со палестинските територии.

    Објавени се и фотографии од камионите со хуманитарната помош, јави германската агенција ДПА, цитирајќи ја изјавата на Израелската упарава дека со тоа ќе се зголеми дневниот износ на помош за Газа. Поради катастрофалната хуманитарна ситуација во опколената и блокирана палестинска енклава, Израел беше под силен меѓународен притисок, вклучувајќи ги и САД како најблизок сојузник.

    Досега, ограничени количини хуманитарна помош се испратени од Египет преку преминот Рафах, кој не е доволно опремен за проверка на голем број камиони.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img