More

    Паднал во длабок дол со карпи и ја скршил ногата

    spot_img

    Ловџија со скршеница на десната нога е евакуиран со хеликоптерот за итна медицинска помош. Информацијата ја спасувачката акција ја сподели министерот за здравство Фатмир Меџити, кој денеска заедно со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во Битола го промовираа хеликоптерот за итна медицинска помош.

    Од Центарот за управување со кризи информираа дека ловеџијата Г.Ј. кој бил на лов во реонот на село Буковиќ паднал во длабок дол со карпи и ја скршил десната нога.

    Случајот бил пријавен на телефонскиот број 112 во ЦУК.

    – Медицинската екипа стигна многу брзо до местото, според податоците за 20-тина минути. Заради непристапен терен дежурните од 112 во ЦУК, побараа хеликоптер на што од МВР веднаш е одговорено. Сите координирано ги извршиле постапките за што побрзо, а за оптимално спасување и транспортирање на повредениот до болница за натамошна постапка. Оваа опрема овозможува на храбрите припадници на Хеликоптерската единица во МВР да бидат уште подобри при вакви специфични спасителни акции на повредени од непристапни терени – информираа од ЦУК.

    Оттаму апелираат до граѓаните во случај на несреќа веднаш да се заѕвони на 112 во ЦУК.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img