More

    Три лица загинаа доцна синоќа кога автомобил што учествувал во нелегална трка на автопат во Косово ја загубил контролата и завршил во публиката

    spot_img

    Три лица загинаа доцна синоќа кога автомобил што учествувал во нелегална трка на автопат во Косово ја загубил контролата и завршил во публиката, јави дописникот на МИА од Приштина.

    Покрај тројцата загинати, во несреќата на автопатот „Ибрахим Ругова“ во близина на Призрен повредени се уште тројца од гледачите на трката меѓу две возила марка „фолксваген голф“.
    На повредените им е пружена лекарска помош, додека осомничениот возач на возилот кое удри во публиката е уапсен и по налог на надлежен обвинител е притворен.

    Косовските медиуми ги идентификуваа жртвите Лорди Сиља, Молос Делија и Нуе Бибај, сите тројца се млади момчиња од Ѓаковица. Од истиот град е и возачот кој ја предизвика трагедијата, а кој е идентификуван како Арлинд. С и за кого се вели дека е близок роднина на еден од загинатите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img