More

    КОНГРЕС НА НУРКАЧИ ВО ОХРИД

    spot_img

    Денеска во Охрид започна дводневниот Македонски Нуркачки Конгрес  со меѓународно учество што се одржува втора година по ред.

    Годинешната средба е посветена на прерано починатиот нуркач Благоја Бежаноски. На отворањето пред присутните се обрати градоначалникот Кирил Пецаков:

    DSC_6111– Дозволете да го изразам моето огромно задоволство што  денес  во Охрид  се одржува Вториот Македонски нуркачки конгрес на кој се  разменуваат искуства, предизвици, очекувања или разочарувања  на нуркачите.  За поздравување е одлуката  со која што  годинашната средба  ја   посветувате  на прерано починатиот македонски нуркач Благоја Бежаноски.    Секако радува и фактот што настанот полека но сигурно добива традиционален карактер и зазема место на зимската туристичка разгледница во Охрид. Секоја алка во синџирот си има свое место и значење. А вашето почитувани нуркачи е огромно затоа што  без вас не би имале претстава ни сознанија што се  случува на дното на нашето Охридско Езеро и останатите две природни езера во државава.   Иако несакани, без вас не би се откривале причините за водените несреќи и не би се спасувале човечки животи, а езерата би биле полни со отпад и друг непотребен материјал.Ви посакам успешен работен дел на овој  собир.   Заедничките ставови и заклучоци  нека ви го олеснат понатамошното подводно истражување. Секако во слободниот дел  од денов ви предлагам да прошетате низ убавиот Охрид, кој периодов е во празнично руво. Уживајте на охридската ривиера.  Прошетајте низ старото градско јадро посетете еден од многубројните манастири. Влезете во куќата на Робевци и таа на Уранија.  Неколку века пред нас ќе се вратите посетувајќи го Античкиот театар , Самуиловата тврдина или наколната населба кај Градиште.

    Секако посетете и некој од локалите на Ривиерава кои нудат вкусни охридски специјалитети и добра забава. 

    До наредна средба ви посакувам добро здравје и желба да се сретнуваме само за убави поводи– рече советникор Јамандиев.

    На Конгресот свои излагања  имаа нуркачката  Симона Трпкоска за нејзиниот подвиг нуркање на 127 м, претседателот на Сојузот за подводни активности на Македонија, Периклија Бешка и Никола Исаилоски.  Пред присутните се  обратија нуркачи од МВР и АРМ.

    Конгресот завршува утре.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img