За месец и половина над 3600 деца се вакцинирани во нивните домови или им е закажан термин за вакцинација и се поделени над 7500 информативни материјали, во рамки на заедничката кампања на Министерството за здравство и Светската здравствена организација, со поддршка од Европската Унија, насловена „Од врата до врата”, што почна на 1 ноември.
Во рамки на оваа кампања вакцинирани се и 2630 граѓани над 65 годишна возраст во нивните домови со вакцина против сезонски грип, кои не можеле да пристапат до пунктовите за имунизација. За нив е обезбедена и бивалентна ревакцина за Ковид-19.
„Во кампањата беа вклучени 30 медицински тимови од здравствените домови. Вкупно беа посетени 221 рурално место и 79 урбани населени места, односно вкупно 3867 домови низ државата“ – информираа од Министерството за здравство.