Момче на возраст од 12 години се фрли од седмиот кат од зградата во која живеел со семејството во Нов Белград, јавија српските медиуми.
Трагедијата се случила во 22 часот и 20 минути кога момчето од засега непозната причина детето скокнало од терасата на станот, а од повредите починало на самото место, вели извор на Курир.рс.
Екипата на итната помош се обидела да го реанимира момчето, но за жал не можело да се спаси. Станари од оваа зграда во Нов Белград за Курир велат дека до доаѓањето на итната помош и полицијата не слушнале што се случило.
– Слушнавме сирени и беше страшно, мислевме дека некој е болен или дека се работи за некаква сообраќајна несреќа и има повредени. Немавме поим дека малиот сосед скокнал од тераса. Во овој комплекс згради соседите малку се познаваат меѓусебе. Го знам тоа момче, тука се од пред некое време и изгледаше дека сè е во ред со тоа семејство – велат соседите.