Вишиот јавен обвинител Бурим Рустеми на денешната јавна седница во Апелација предложи на обвинетата Јасна Ерцеговиќ да ѝ биде прифатена жалбата за делото измама, но не и за перење пари. За преостанатите обвинети Рустеми предложи судот да им ги одбие жалбите, а на Фросина Ременски да ѝ биде потврди првостепената ослободителна пресуда
Првообвинетиот во случајот „Меѓународен сојуз“, Бојан Јовановски, во јавноста познат како Боки 13, и неговите бранители на денешната јавна седница побараа Апелацискиот суд да ја укине првостепената пресуда со која тој во случајот е осуден на деветгодишна затворска казна.
Тој побара фер судење во кое ќе може да ја докаже својата невиност, но доколку така одлучи Апелација ќе биде задоволен и со мериторна ослободителна пресуда на второстепениот суд, пренесува ТВ Телма.