ОД 15 ДО 18 ЧАСОТ ДАЈТЕ ИМ ОДМОР НА РАБОТНИЦИТЕ

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Мнозинство работници и менаџери, 71%, веруваат дека доцните попладневни часови е најлошото време за работа и дека продуктивноста најмногу паѓа помеѓу 15 и 18 часот, според истражувањето на Слек (Slack), филијала на калифорниската компанија Сејлсфорс.

Тоа истражување е спроведено во соработка со агенцијата Квалтрикс (Qualtricks) на повеќе од 10.000 испитаници.

– Падот на продуктивноста во доцните попладневни часови е последица на нормалниот деноноќен ритам на телото, што значително се намалува помеѓу 14 и 17 часот – велат експертите.

На вработените им се советува да работат лесна работа, да прават кратки паузи или да ја слушаат омилената музика во доцните попладневни часови за да ја зголемат концентрацијата на работните задачи.

Share This Article