Царинската управа ќе воведе едношалтерски систем за издавање лиценци и дозволи со цел да се олесни трговијата, да се подобри контролата и безбедноста на стоките и да се намалат трошоците за компаниите.
Имплементацијата на системот како дел од Проектот на Светска банка за забрзување на транспортот и трговијата во Западен Балкан ќе овозможи забрзана интеграција во ЕУ
Како што информираа од Царината, компаниите со воведувањето на овој дигитализиран систем нема за поднесуваат документи до неколку органи, туку процесот ќе се одвива на едно место.
– Со воспоставување на новиот национален едношалтерски систем, македонското стопанство ќе биде поконкурентно на меѓународниот пазар. Компаниите сите податоци за увоз, извоз и транзит наместо на неколку места да ги поднесуваат на едно место со што ќе заштедат средства и време – велат од Управувачкиот комитет за имплементација на Новиот едношалтерски систем.
Од Царината појаснуваат дека досега се работело на усогласување на функционалностите на системот, по што проектот ќе се презентира пред бизнис заедницата.
Комитетот смета дека е процесот треба да се одвива на највисоко ниво, со забрзана динамика од страна на сите гранични институции се со цел успешно спроведување на проектот којшто практично е дел од реформите за олеснување на трговијата и поттикнување на растот и вработеноста во државата.