More

    Дарко Панчев би се вратил во фудбалот само ако има добар финансиски момент

    spot_img

    Македонската фудбалска легенда Дарко Панчев, иако долго време е во играчка пензија и одамна немал активна функција во фудбалот, сепак е соговорник чие мислење се цени во спортот. Во интервју за српски Новости, Панчев зборува за настапот на неговата Црвена Звезда во Лигата на шампионите и за вечното дерби со Партизан, како и за современите фудбалски текови и фудбалските прилики во регионот.

    За својот статус во фудбалот, Панчев вели дека не би имал ништо против повторно да има активно учество, но само ако постои „добар финансиски момент“

    – Не преферирам да работам само за да работам. Фудбалот денес е многу зависен од парите. Па, ако има финансиски добар момент да се изгради добар тим, тогаш можам да размислам да се вклучам некаде за да помогнам да се изгради добра екипа – вели Панчев.

    Од парите зависи и перспективата на како на клупшскиот, така и на репрезентативниот фудбал, нагласува Дарко Панчев.

    – Клупскиот фудбал нема баш многу голема перспектива. И во Северна Македонија и во целиот регион. На прсти можете да ги изброите тимовите кои ќе постигнат некаков успех или ќе влезат во групната фаза на натпреварувањето на УЕФА. Секаде падна квалитетот, но пак велам, фудбалот зависи од пари. Не можете да купите добри играчи, бидејќи тие чинат многу, а треба да се натпреварувате со најдобрите, што е многу тешко. Не знам колку време ќе треба за се да биде на подобро ниво – истакнува Панчев.

    Славниот голгетер вели дека во модерниот фудбал сѐ повеќе се става акцент на физичката и брзината, додека „уметници“ и вистински голгетери има се помалку и дека тоа не му се допаѓа.

    – За жал, голгетери има сѐпомалку, не само во регионот, туку и во Европа. Добрите голгетери може да ги изброите на прсти. Од регионот Митровиќ, Влаховиќ, од Хрватска Петковиќ, Џеко веќе е при крај… Овде во Македонија, Бојан Мијовски покажува сѐ подобар напредок. Можеби еден ден ќе стане еден од подобрите европски стрелци. Има 5-6 од нив што се таму неколку години. Тоа е тоа. Не знам зошто, фудбалот се промени во таа смисла. Има се помалку креативни луѓе, голгетери. Тоа не е добро за фудбалот, фудбалот се игра за голови и добри шанси, многу удари кон голот. Во тој сегмент се менува и не ми се допаѓа – наведува Панчев.

    Тој забележува и дека некогаш повеќе сака наместо европски, да гледа некој регионален натпревар.

    – Следам фудбал овие денови и да бидам искрен повеќе следам регионален отколку европски. Таму сум роден, таму пораснав и го поминав најголемиот дел од кариерата. Мене ми е интересно за гледање без разлика што квалитетот е паднат – истакнува Панчев.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img