More

    Започна нова фаза од кампањата за имунизација – „Заштитени заедно – вакцините делуваат“

    spot_img

    Под мотото „Да не си играме со здравјето“ Министерството за здравство и УНИЦЕФ со поддршка од УСАИД од денеска почнуваат со нова фаза од кампањата „Заштитени заедно – вакцините делуваат“, со цел на граѓаните и понатаму да им се обезбедат точни и навремени информации за вакцините и имунизацијата.

    Комуникациската кампања е дел од серијата активности што ги спроведуваат партнерите за да се поттикне вакцинирањето по нарушувањето предизвикано од пандемијата со КОВИД-19. Кампањата конкретно има за цел да ги потсети родителите и старателите дека кога се пропушта или одложува вакцинацијата, децата и заедниците се изложени на ризик од болести што може да се спречат со вакцина, соопшти УНИЦЕФ.

    – Иако по пандемијата со ковид-19 се забележува пораст во опфатот со вакцинација, неопходно е тековно обезбедување точни и навремени информации за вакцините коишто можат живот да спасат. Во таа насока, на почетокот од годинава ја креиравме веб страницата е-zdravstvo.mk со потврдени и стручни информации за важноста на редовната вакцинација и други теми од областа на здравството, како што се дигитално здравство, апликацијата „Мое здравје, тековни скринизи и други информации значајни за заштита на здравјето. Таму може да се најдат сигурни информации за вакцините што се даваат во земјата според националниот календар и за болестите што може да се спречат преку вакцинација. Во текот на годината, работевме на повеќе фронтови за да можеме да постигнеме опфат со вакцини над 90-95 отсто на национално ниво за сите редовни вакцини. Оваа кампања ќе помогне да се потсетат родителите на нивната одговорност да ги заштитат своите деца на ист начин како што тие биле заштитени од нивните родители од болести како што се мали сипаници и полио – вели министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити.

    Покрај оваа кампања, Министерството за здравство и УНИЦЕФ, со поддршка од УСАИД работат на интегрирање на систем за управување со неточни информации во рамки на националните структури за донесување одлуки. Заедно со партнерите, тековниот дијалог меѓу здравствените работници, експертите и медиумите придонесе за позитивна промена во однос на ставовите за вакцините. Информирањето на заедницата и поддршката за ангажирање на тимовите за имунизација во четири општини во кои е забележан понизок опфат со вакцинација, исто така, покажуваат ветувачки резултати, и поголем број родители се опфатени на ниво на локалната заедница.

    – Во текот на годината соработуваме со партнерите за да ја подобриме довербата во научните наоди за вакцините. Се забележува дека има зголемено позитивно мислење за вакцините, што е ветувачки, бидејќи има многу неточни информации за вакцините што циркулираат во онлајн светот. Погрешните информации се опасни, создаваат плодна почва за појава на болести, а родителите и старателите имаат потреба од континуиран пристап до сигурни информации. Вакцинирањето на децата не е избор, туку одговорност. Вакцините ги штитат децата, возрасните и заедниците – вели претставничката на УНИЦЕФ, Патриција ДиЏовани.

    Кампањата „Да не си играме со здравјето!“ ќе се спроведува во следните месеци низ целата земја. Таа е продолжение на кампањата од почетокот на оваа година, во која се вклучија здравствените работници, педијатрите, лекарите од пунктовите за вакцинација и гинеколозите за да зборуваат за опасностите од одложување на вакцинацијата, како и за придобивките од рутинските вакцини во детството, како најефикасен начин да се заштити здравјето на децата, се наведува во соопштението од УНИЦЕФ.

    Составен дел на кампањата е тековната промоција на дигиталната платформа Е-здравство, што почна да функционира на почеток на оваа година со посебен дел посветен на имунизацијата и служи како единствено место за добивање сигурни информации за вакцините. Повеќе информации за новата кампања „Да не си играме со здравјето!“ може да се најдат на: www.unicef.mk.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img