Владата на Финска донесе одлука да ги затвори сите гранични премини со Русија од утрово до 14 јануари, поради огромниот прилив на баратели на азил, само неколку часа по отворањето на два гранични премини, пренесува Политико.
Министерката за внатрешни работи Мари Рантанен на прес-конференција во четвртокот рече дека приливот на луѓе на премините Валима и Ниралатолд, од утрото кога се отворени премините, ги надмина очекувањата.
Според локалните медиуми, во моментот кога биле отворени двата премина, веднаш се појавиле 60 лица да ја напуштат Русија.
Утврдивме и дека илегалната миграција на источната граница на Финска продолжува во исто време, а овој феномен се покажа побрз отколку што очекувавме, рече Рантанен.
Финска ја затвори границата со Русија на две недели минатиот месец, поради обвинувањата дека Москва испраќа мигранти и баратели на азил на границата „во знак на одмазда“ за нордиските земји кои се приклучуваат на НАТО.
Кремљ ги отфрли ваквите обвинувања, според Политико.