Палестинското движење Хамас синоќа повика на тридневни масовни демонстрации ширум светот за поддршка на Газа и осуда на масакрите извршени од Израел врз цивилите.
Хамас ја упати изјавата, како што соопштија, до сите слободни луѓе во светот, како и до исламските и арапските земји.
Тие побараа одржување масовни демонстрации на 15, 16 и 17 декември за поддршка на Газа и осуда на злосторствата извршени врз жените и децата, како и осуда на американската и западната поддршка за геноцидната војна.
Беше побарано деновиве да се користат секакви протестни методи и ова протестно движење да продолжи низ целиот свет додека не заврши војната во Газа.