Британската пејачка Рита Ора, која е родена во Приштина, даде ново интервју во кое рече дека Косово порано било дел од Албанија, а дека сега е само – „Независно Косово“.
Пејачката со албанско потекло гостуваше во американскиот подкаст „Dear Media“, а делови од него се појавија на социјалната мрежа Тикток и прилично ги налутија граѓаните на Србија.
„Родена сум во Косово. Во Албанија, добро, сега тоа е Косово, но беше дел од Албанија. Потоа се преселив во Лондон кога имав една година“, рекла Рита Ора во интервјуто.
Водителката на подкастот искоментирала дека има многу Албанки во музичката индустрија, а Рита се надоврзала.
„Тоа е прекрасно, кога почнав во 2012 година, тоа не постоеше. Сега ги имаме Дуа Липа, Бебе Реџа и тоа е прекрасно. Мислам дека е природно да нè споредуваат, особено што нèн ема многу во светот… но ние три сме многу различни…“, рекла таа, меѓу другото.
Коментарите под видеото беа сурови.
„Косово никогаш не било дел од Албанија, но ОК“, „Се прашувам кога Косово било дел од Албанија“, „Пред да почнеш да шириш лаги прочитај нешто во историјата, те молам“, „Австрија е Словенија, доколку ја следиме логиката дека Косово е Албанија“…