Британија му стегна санкции и на директорот Тененбаум

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Британската Влада официјално објави во четвртокот вечер дека вовела санкции кон спортскиот директор на премиерлигашот Челси, Еуген Тененбаум.

Со овој нов чекор на британската Влада како свој одговор на инвазијата врз Украина е замрзнат целиот имот на руско-канадскиот државјанин Тененбаум.

Официјален Лондон посочи, исто така, дека секој авион, брод или која било друга недвижност, која е во сопственост на Тененбаум, може да биде конфискувана доколку влезе на територијата на Велика Британија.

Британските власти на подеднаков начин реагираа и кон Давид Давидович, близок соработник на долгогодишниот прв човек на Челси, Роман Абрамович.

Се претпоставува дека британската Влада со воведените санкции кон овие двајца олигарси замрзнала имот вреден околу 12 милијарди евра, што досега претставува најригорозна мерка во британската историја.

Share This Article