More

    Го доби спорот пред Комисијата за спречување дискриминација

    spot_img

    Советот на обвинители и нејзиниот претседател Антонио Јолевски имаат рок од 30 дена јавно да ѝ се извинат на обвинителката Ленче Ристоска за тежок облик на дискриминација кон неа, реши Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, по претставка на обвинителката Ристоска.

    Ристоска која беше обвинителка во СЈО, поднесе пријава против Советот на јавни обвинители со тврдење дека неправедно и без никаков основ ги игнорирало нејзините апликации за избор во Вишото јавно обвинителство.

    „Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ја уважи мојата претставка и утврди директна продолжена дискриминација како потежок вид на дискриминација по основ на лично својство и општествен статус извршена од страна на Советот на јавни обвинители. Во време кога е модерно да се декларират заложби за етичко лидерство во институциите и култура на професионален и личен интегритет, како и родова и секој друг вид рамноправност, декларативноста треба да се замени со практична и јавна подршка на поединците што ги поседуваат овие квалитети и ги водат овие битки, објави обвинителката Ристоска на нејзиниот Фејсбук профил.

    Комисијата утврдила дека обвинителката била дискриминирана при изборот на обвинители во Вишото обвинителство во Скопје. Доколку не постапи по препораката, Комисијата ќе покрене прекршочна постапка против претседател на Советот Антонио Јолевски.

    Јолевски во образложението зошто Ристоска не е избранаиако по втор пат конкурираше за ова Обвинителство, го навдвуа и нејзиното породилно отсуство.

    – Кај Ленче имаме недостиг на работа по предмети во овој период, зборуваме за различни предмети со кои би се сретнала и во Вишото обвинителство. Немаме извештај за неа за последните четирите години, таа еден период е и на трудничко отсуство. Во Вишото обвинителство се бара работа по сите видови на предмети, не само на одредена категорија во одредена област. Сепак, Специјалното обвинителство не работеше кривични дела убиства, не работеше со дрога, еден куп предмети кои ги работат во Основното обвинителство, а ќе треба да одлучува и за тие предмети. Тие беа специјализирани за најтешките дела, ама најтешките дела од областа на злоупотреба – рече Јолевски.

    Инаку Ристоска јавно ја критикуваше работата на Советот и се најде на тапет на оваа инистуција која бараше Ристоска да одогвара за јавно искажаните ставови.

    – Јасно е дека Советот на јавни обвинители е извор на тргuвање со влијание, и сметам дека треба да се реформира. Владее клиентелистички однос за такви што лобираат за нивниот избор и не може да одговори на предизвиците со корупцијата и високиот криминал – рече обвинителката Ристоска на една панел дискусија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img