More

    Албанското собрание среде тензии ја изгласа контроверзната регулатива

    spot_img

    Пратениците на владејачкаата паријата на Еди Рама и официјално ја исфрлија опозицијата од Собранието. На седницата беше изгласана измена во регулативата со која пратеник кој ќе запали факел ќе биде исклучен на два месеци. Изгласани беа и други драстични измени во регулативата.

    Пратениците од опозицијата протестираа и запалија факли, но спикерката Линдиа Никола продолжи со седницата. Со новите измени исклучени се вкупно 13 пратеници од опозицијата.

    Додека социјалистите во Собранието брзаа брзо да ги изгласаат предлог-законите што ги имаа на ум, во услови на протест на опозициските пратеници внатре и надвор од салата и чадот од демонстрантите, претседателот на ДП, Сали Бериша, надвор од Собранието рече:
    – Ова е уништување на парламентот. Во монистички систем опозицијата има само една мисија, право во центарот и само отпор. Граѓанска непослушност. За штрајкот со глад и за секој чин опозицијата одлучува кога смета дека е најпотребно и најефикасно.

    Тензиите надвор од парламентот продолжија и внатре. Пратеникот на ДП, Дашнор Сула, кој не е исклучен, влегол во Собранието, но при контрола на скенерот за метал бил оттурнат од обезбедувањето и чуварот.

    Во меѓувреме, договорот за бегалците со Италија не е ставен на гласање, бидејќи е суспендиран од Уставниот суд.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img