More

    ЦУК информира дека два регионални центра – Делчево и Кавадарци, добиле известувања за заразни болести кај животните (епизотии) за присутната болест Африканска чума

    spot_img

    Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека два регионални центра – Делчево и Кавадарци, добиле известувања за заразни болести кај животните (епизотии) за присутната болест Африканска чума.
    Регионалниот ЦУК Штип, ја пренесува информацијата од Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) дека е донесено Решение за определување на заштитна зона и зона под надзор при потврда на болеста Африканска чума на подрачјето на Општина Делчево, што трае од 30.11.2023 година. Заштитната зона ги вклучува селата Полето, Ветрен, Очипла и Габрово, а и градот Делчево, додека Зоната под надзор ги вклучува селата Киселица, Селник, Драмче, Вратиславци, Илиово, Бигла, Косово Дабје, Чифлик, Звегот, Стамер и Град.

    Регионалниот ЦУК Велес, ја пренесува информацијата од Подрачната единица (ПЕ) на Агенција за храна и ветеринарство Кавадарци дека од 13.07.2023 година, на подрачјето на Општина Кавадарци во близина на село Рожден имало помор на диви свињи, а исто така угинати диви свињи имало на повеќе локации во ридско-планинскиот дел, пријавени од ловците. Лабораториски било потврдено дека се работи за болеста Африканска чума.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img