Кога се зборува за конфликтот меѓу новата и старата генерација, ретко кој помислува на интернет војна…
Сепак, Ник Киргиос и Борис Бекер решија да разменат остри зборови.
Се започна со пораката на Китгиос дека Новак Ѓоковиќ ќе брише под него.
„Тогаш играта беше толку бавна. Го гледав Борис Бекер и не велам дека не беа добри во своето време, но да се каже дека би биле толку добри сега е апсурдно. Големата услуга тогаш беше околу 197 до 200 km/h. Луѓето како мене сервираат постојано 220, прецизни во аглите. Тоа е сосема друга игра“, рече меѓу другото Киргиос.
Бекер го доведе во прашање кредибилитетот и расудувањето на Австралиецот.
А тоа беше само почетниот удар, бидејќи веднаш реагираше Бекер кој не сакаше да остане во долгови.
„Ник прави многу врева за тенисот!?! Зошто зборува за спорт кој очигледно не го сака… проверен факт, Ник никогаш не освоил Грен слем како играч или тренер (да, во 1 двојки), па од каде му е кредибилитет? Се обидува да споредува генерации… Лејвер против Федерер, Борг против Надал, Сампрас против Ѓоковиќ!?! Нема ни да ги спомнам Мекинро, Кон, Лендл, Агаси, Кориер, Едберг, Виландер, Куертен, Рафтер, Хјуит и многу други… разговарајте со вашите луѓе на „OnlyFans“ – за многу работи, но не и за тенис“. рече Бекер.
Потоа Киргиос седна и го повика Бекер за сè по ред.
“Го ценам тоа! Споменувањето на OnlyFans ми значи многу! Слушнав како Борис Бекер зборува за брендот. Отсекогаш знаев дека ги следиш моите деловни соработки“.
Следуваше нова порака.
„Во суштина, зарем 99% од тениската турнеја нема никаков кредибилитет, за таа работа?
Потоа уште еден што се осврна на затворот и стечајот при што криел имот.
„Компир! Што е со вашето момче Зверев? Нема кредибилитет? Да не освои ниту еден Грен слем во двојки? Хахаха, овој лик зборува за кредибилитет… минатиот пат кога проверив, ти беше тој што ги криеше средствата, нели?
Потоа кажа зошто си дал право така да зборува.
„Исто така, мислам, ги победив Федерер, Надал, Ѓоковиќ, Мареј, па се чувствувам како да имам малку кредибилитет… Но, не треба да си ракетен научник за да видиш дека Новак ќе ја избрише патосот со тебе во твоите најдобри денови. Тоа не е напад. Тоа се фактите“.