Словачки државјанин со своето возило се обидел на граничниот премин Табановце да внесе поголема количина прекурзори, хемикалии кои се користат во подготовка и производството на разни видови дрога, како кокаин, хероин, амфетамин и други.
Царинарниците во возилото со словачки таблички пронашле и заплениле 126 литри прокурзори, пакувани во 14 лимени канти сместени во багажникот на возилото. На 10 канти имало налепница TOLUEN LAKARSKY, а на останатите 4 налепница ACETON, информира Царината.
Против лицето е поднесена кривична пријава до надлежното Основното јавно обвинителство за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” казниво по член 215 од Кривичниот законик.