More

    Бајден го нарече Нетанјаху „добар пријател кој треба да се промени“

    spot_img

    Американскиот претседател Џо Бајден изјави во вторникот дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху „почнува да ја губи поддршката“ и дека треба да се направат промени со оглед на зголемениот број на жртви во Газ, пренесе Њузвик.

    Владата на Нетанјаху „му отежнува на светот“ за да продолжи да го поддржува Израел, додаде Бајден. Тој го нарече Нетанјаху добар пријател кој „мора да се промени“.

    Американскиот претседател исто така рече дека Нетанјаху и неговата десничарска влада треба да поддржат решение за две држави со Палестинците, според Блумберг. Бајден рече дека актуелниот израелски кабинет е најконзервативниот во историјата на нацијата и дека „тие не сакаат ништо ни малку блиску до решение со две држави“.

    Новите коментари Бајден ги упати кон Израел еден ден откако тој отворено разговараше за јавната перцепција за војната во Газа за време на приемот за еврејскиот празник Ханука во Белата куќа.

    – Продолжуваме да даваме воена помош додека тие не се ослободат од Хамас. Но, мора да бидеме внимателни. Тие мора да бидат внимателни. Јавното мислење на целиот свет може да се смени преку ноќ, не можеме да дозволиме тоа да се случи – изјави Бајден.

    Коментарите на Бајден уследија по она што некои го сметаат за строг укор од Нетанјаху во врска со идното решение за две држави меѓу Израел и Палестина.

    Во понеделникот, Нетанјаху рече дека ќе го блокира повоениот план на администрацијата на Бајден за преземање на Газа од страна на палестинската управа и призна дека има „несогласување“ помеѓу перцепцијата на САД и Израел за тековниот конфликт, според „Волстрит Џурнал“.

    – По големата жртва на нашите цивили и нашите војници, нема да дозволам влез во Газа на оние кои се школуваат за тероризам, поддржуваат тероризам и финансираат тероризам – истакна Нетанјаху мислејќи на палестинската управа која во моментов надгледува делови од Западниот Брег.

    – Нема да дозволам Израел да ја повтори грешката од Осло – додаде Нетанјаху, осврнувајќи се на договорот од 1993 година со кој беше основана Палестинската управа и кој Нетанјаху долго време го критикуваше.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img