More

    Апсење во Батровци: Возачи на автобуси од Косово осомничени за шверц на цигари

    spot_img

    На граничниот премин Батровци уапсени се двајца возачи на автобус од Косово, осомничени дека шверцувале цигари, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

    Приведувањето го извршиле припадници на Одделот за борба против корупција на МУП и Управата за гранична полиција, во соработка со Царинската управа, по наредба на Специјалното одделение за сузбивање на корупцијата на Вишото јавно обвинителство во Нови Сад.

    Возачите на автобусот Б.М.(46) и Н.Х.(47) се уапсени на излез од Србија, откако при преглед на автобусот што го управувале биле откриени 3.036 кутии различни видови цигари во специјално направени бункери.

    Цигарите се одземени, а на осомничените им е одредена мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе бидат изведени до надлежното обвинителство, се додава во соопштението.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img