Во земјава во октомври годинава се евидентирани 94.165 туристи, од кои 27. 000 (28,9 %) биле домашни, а 67. 000 (71.1 %) странски туристи, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Бројот на ноќевањата во октомври изнесувал 187. 272, од кои 36,7 % се од домашните, а 63,3 % од странските туристи.
Во периодот јануари – октомври 2023 година, во однос на истиот период лани, бројот на туристите е зголемен за 21,2 %. Кај домашните туристи има зголемување за 0,1 %, а кај странските за 38,6 %. Во истиот период има раст и кај бројот на ноќевањата за 9,8 %. Кај домашните туристи има зголемување за 1,1 %, а кај странските за 23,5 %.
Најмногу се посетувале Скопје и езерата, а најголем број туристи мало од Турција вкупно 19.658. Над 4.000 туристи дошле од Србија (4.480) и Германија (4.263), а по нив следи Грација со ( 3.939).