Ве известуваме дека ние, Инженерите на Република Македонија, поднесовме Претставка до надлежните институции:
· Уставен суд,
· Државно правобранителство,
· Државна комисија за спречување на корупцијата,
· Државен завод за ревизија,
· Јавно обвинителство и
· Биро за јавни набавки
Претставката ја поднесовме поради сомневање дека со општите акти на Владата во постапката при подготовката и реализацијата на јавниот повик за доделување концесија за користење вода за производство на електрична енергија со изградба на хидроелектрични централи на Црна Река се направени бројни суштински, правни, економски и стручно-научни недостатоци со кои се загрозуваат:
· Суверенитетот, територијалната целина и основите на економските односи определени со Уставот, како и
· Уредувањето на територијата за потребите на одбраната предвидени со Планот за одбрана на Републиката согласно одредбите од Законот за Одбрана
Очекуваме надлежните органи да постапат по поднесената претставка и да го замрзнат процесот за потпишување на договор за Јавно-приватно партнерство сѐ додека не се истражат, потврдат или отфрлат нашиве сомневања.
Со почит,
Инженери на Република Македонија