Српската фолк пејачка Александра Пријовиќ со пет концерти за шест дена, е рекордерка во исполнување на загрепската Арена низ која поминале околу 90.000 луѓе

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Српската фолк пејачка Александра Пријовиќ со пет концерти за шест дена, е рекордерка во исполнување на загрепската Арена низ која поминале околу 90.000 луѓе, пишува српски Курир.

Корисник на социјалната мрежа Икс тврди дека секој осми жител на Загреб ја слушал Прија,

Поради неодамнешните концери на Пријовиќ хотелите и апартманите во Загреб беа преполни, а поради еуфоријата што владееше, беа закрчени и улиците, а се „родиле“ и нови бизнис идеи. Така, на патот од Славонија на обожавателите им дале одлична понуда: да ги земат од дома, да ги однесат до Арената, а потоа да ги вратат дома, и тоа за 50 евра.

Пријовиќ, сепак, најмногу ја слушале сите оние кои работеле на овие пет концерти во загрепската Арена. Обезбедување, девојките задолжени за гардероба и келнери. Во гардеробата имало 50, во обезбедувањето 220, а келнери 180, велат организаторите.

– Прекрасно си поминавме, многу ја сакаме Прија. Имаше многу бакшиш. Најмногу се нарачуваше пиво, а од жесток алкохол – виски и џин – рекле девојките од гардеробата.

Од Туристичката заедница на градот Загреб велат дека во периодот од 01 до 05 декември бројот на пристигнувања е за 22 отсто поголем од претходната година, а бројот на ноќевања е поголем за 14 отсто.

Пејачката во хрватската метропола престојувала со семејството, пријателите и со бендот една недела.

Се проценува дека таа од петте концерти во Загреб  заработила „чисти“ 2,5 милиони евра.

Share This Article