Интерпол: Околу 500 луѓе беа уапсени ширум светот во октомври под сомнение за трговија со заштитени видови

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Околу 500 осомничени за забранета трговија со диви животни и заштитени видови дрва се уапсени во октомври во меѓународна акција на полицијата и царината, соопшти Интерпол.

За време на операцијата „Гром“ од 2 до 27 октомври, со учество на 133 земји, запленети се повеќе од 2.000 животни и растенија заштитени со Конвенцијата за меѓународна трговија со загрозени видови, се наведува во соопштението на меѓународната полициска организација со седиште во Лион.

Конфискувани се повеќе од 300 килограми слонова коска, илјадници јајца од желка, 30 тони растенија, десетици делови од телото на големи мачки и носорози, примати, птици и морски животни.

Запленети се околу 2.600 кубни метри дрва, колку што изнесуваат 440 трансокеански транспортни контејнери.

Операцијата „Гром“ се спроведува секоја година од 2017 година.

Генералниот секретар на Интерпол, Јирген Шток, рече дека речиси сите еколошки злосторства имаат врски со други форми на криминал, вклучувајќи насилство, корупција и финансиски криминал.

Share This Article