More

    Спасовски на средба со раководството на Регионален Центар за гранични работи Исток: Намалување на обидите за илегално минување на границата, бројот на илегални мигранти намален за 86,2%, за 10,2 % зголемена фреквенција на патници на источната граница

    spot_img

    Спасовски на средба со раководството на Регионален Центар за гранични работи Исток: Намалување на обидите за илегално минување на границата, бројот на илегални мигранти намален за 86,2%, за 10,2 % зголемена фреквенција на патници на источната граница

    Денеска (12.12.2023), за време на посетата на Штип, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со дел од раководството на МВР, оствари средба со раководството на Регионалниот центар за гранични работи Исток, на која беше брифиран за постигнатите резултати на оваа организациона единица во текот на првите единаесет месеци од 2023 година.

    „Во текот на првите единаесет месеци од 2023 година на нашата источна граница, која со петте гранични премини е во надлежност Регионалниот центар за гранични работи Исток, фреквенцијата на патници е зголемена за 10,2 %, при што границата ја поминале околу 1,8 милиони патници, безмалку подеднакво домашни и странски, од кои 45% на ГП Деве Баир”, истакна министерот Спасовски. Притоа, тој ги сподели резултатите на полициското работење во делот на илегална миграција и криумчарење на мигранти.

    „Инаку, во однос на обидите за илегални преминувања, границата на Република Северна Македонија со Република Бугарија важи за најбезбедна, со регистрирани само два обиди на илегално минување на границата од страна на 5 лица во текот на првите единаесет месеци. Што се однесува, пак, до македонско-грчкиот дел од границата кој е во надлежност на овој Регионален центар, имаме намалување за дури 74,5% на обидите за илегално минување на границата. Значително намалување за 86,2% има и кај бројот на илегални мигранти за разлика од лани. Во истиот овој период од страна на РЦ за ГР Исток, се откриени 57 настани со криумчарење на мигранти и илегално минување на државната граница, во кои што настани се откриени 206 илегални мигранти, од кои во 4 случаи стануваше збор за организирани групи на минување на границата од страна на 54 лица, а против криумчарите се поднесени соодветни кривични пријави”, истакна Спасовски.

    Што се однесува до дела во врска со пустошењето на шуми, нелегална сеча и трговија со дрва, заштита од шумски пожари, заштита на животната средина, Спасовски истакна дека во текот на 2023 РЦ Исток бележи и рекорден број на реализирани настани досега, при што во 38 различни настани одземени се 111,4 м3 дрвна маса. Тој информираше дека од страна на РЦ за ГР Исток откриени се 53 кривични дела, од кои две третини отпаѓаат на откриени фалсификувања на патни и документи и други исправи, а минатиот месец пронајдени и одземени се над 85 кг марихуана, при откриено кривично дело криумчарење на дрога, и тоа на планината Беласица, при што на грчка територија и на наша страна лишени од слобода се лицата инволвирани во овој случај.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img