Девизните резерви на крајот на ноември годинава изнесувале 3.963 милијарди евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 43 милиони евра, соопшти Народна банка.
Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (55,8%), по што следуваат валутите и депозитите (33,8%) и монетарното злато (10,4%).