Гостите успеале да излезат на време од сплавот „Боем“ кој до половина потонал кај реката Дунав во Смедерево во текот на ноќта, јавуваат српските медиуми. Засега не е позната причината за потонувањето. На социјалните медиуми беше објавена снимка. Се шпекулира дека пропадната едната страна од мостот кој го држел сплавот по што сплавот се навалил.
– Водата наеднаш почна да навлегува и сплавот почна да тоне. Немаше паника. Секоја чест за сите, бидејќи беа скромни и полека излегоа – изјавил за Република Никола Милуновиќ, кој беше на сплавот во моментот кога потона.
– Сите сме мокри! Неколку пати се враќав внатре за да извадам што е можно повеќе работи кои беа оставени, сакав да им помогнам на сите колку што можам – додал тој.
Во средината на август минатата година истиот сплав изгоре од непозната причина. Пожарот беше брзо локализиран.